Алармантна е состојбата со коронавирусот во велешко, денеска. тројца починати
21.10.2020
Во последното деноноќие починатите велешани, еден маж и една жена, се на возраст од 62 години додека починатиот маж од Свети Николе е на 69 годишна возраст. Сите починати биле пациенти на Инфективното одделение во Општа болница во Велес.
Ковид вирусот е широко распространет во Велес, веќе е невозможно да се идентификуваат кластери а и заболените не знаат од кого се заразиле.
Според податоците на министерството за здравство заклучно со вчерашниот ден во велешко во Велес се заразени 446 граѓани од кои 332 оздравени, 106 активни, 79 се наоѓаат на домашно лекување, 19 се хоспитализирани во Инфективното одделение во велешка болница и по двајца на лекување на Инфективна клиника и во ГОБ „8 Септември“ во Скопје. Исто така има еден велешанец кое се лекува на Клиника за ОРЛ во Скопје како и три лица кои се лекуваат во приватни клиники во Скопје.
Денеска, до 10:30 часот регистрирани се осум ново заразени велешани со Ковид-19 како и тројца оздравени.
Во Инфективното одделение на велешка болница до утрово на лекување се примени вкупно 35 пациенти. Од нив 33 се позитивно потврдени и за двајца се чека резултат а имаат потешка клиничка слика . Велешани се 24 пациенти, шест се од Свети Николе, двајца се жители на Општина Градско, двајца од Демир Капија и еден од Неготино.
-Засега Инфективното одделение располага со 54 болнички кревети, бројот на болни расте, доаѓаат се поголем број на пациенти со потежок стадиум и за кратко може да се случи проблем со сместувањето. Затоа се размислува за обезбедување на дополнителен број на болнички кревети најнапред на Физикално одделение. Три медицински сестри од Инфективно одделение се позитивни како и еден од анестезиолошката служба како и еден административен работник. Двајца вработени од Здравствен дом се позитивни и петмина се во изолација, рече градоначалникот на Аце Коцевски.
Според информациите на Кризниот штаб, Итната медицинска помош добро се снаоѓа иако има по 100 здравствени услуги во 24 часа. Засега оваа служба има доволна количина на заштитна опрема./У.Ј