Пет новозаразени велешани и две оздравени лица од коронавирус во Велес
2.10.2020
Три жени и двајца мажи се новозаразени со инфективносто заболување во изминатите 24 часа во велешко. Една од жените се заразила од член на семејството додека останатите две не дале конкретни податоци од каде можеле да бидат инфицирани. Двајцата мажи работат надвор од Велес, поточно првиот во Скопје и вториот во Кавадарци во фирми во кои имало заболени лица од Ковид-19. Тие сметале дека токму работните места се причина на нивната инфекција.
Сите и припаѓаат на средната генерација на граѓани.
Во вардарски плански регион, денеска се регистрирани уште шест новоинфицирани лица во Кавадарци и шест во Свети Николе.
Институтот за јавно здравје соопшти дека има и двајца оздравени велешани, еден од Кавадарци како и тројца од Свети Николе.
На Инфективното одделение во Општа болница Велес денеска се лекуваат вкупно 23 пациенти од коронавирус.
-Од нив 22 пациенти се потврдени и тројца се на кислородна поддршка додека за 1 се чекаат резултати од направен тест. Од одделението денеска е испишан и пратен дома еден пациент од Свети Николе, рече портпаролката д-р Весна Николовска Неделкова.
Од вкупниот број на пациенти кои се лекуваат од Ковид-19 на инфективно одделение девет се велешани, по пет од Кавадарци и од Свети Николе, двајца од Неготино и по еден од Градско и од Валандово./У.Ј