Починато е младо момче од Свети Николе не од Велес, во градот расте бројот на заразени со коронавирус во последните 12 денови
21.09.2020
Починатиот пациентна 22 годишна возраст од коронавирус не е од Велес туку е од Свети Николе. Ова го изјави на денешната прес конференција градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, кога соопшти дека бројот на инфицирани од Ковид-19 во Велес, во последната декада расте и треба да претставува повод за загриженост.
Во изминатите 12 дена во велешко има 31 новозаразени случаи на заразеи сограѓани со коронавирус што како бројка е сериозна. До денеска претпладне официјално заболени се 309 граѓани, од нив 258 се оздравени, активни се 36 случаи и од кои 12 се на болничко лекување на Инфективното одделение во Општа болница Велес додека 24 се на домашно лекување.
Меѓу пациентите на одделението во болницата има пациент што е на кислородна поддршка .
Претпладнево меѓу граѓаните на Велес се пренесе вест дека има нов починат млад сограѓанин што според таткото на градот не е точна вест туку дека момчето се лекувало во велешката болница и како итен случај минатата недела било пренесено на лекување на Инфективна клиника во Скопје.
Како што дознава Дума.мк починатото момче од Свети Николе е син на заболен со коронавирус маж од Свети Николе кој за жал, исто така, не успеал да се спаси од опасната инфективна болест./С.А