Екологистите на „Вила Зора“ ја започнаа иницијатива „За почист воздух“, поставување на повеќе мерни станици во градот
16.09.2020
Велес од три сега има само една станица за мерење на квалитетот на воздухот. Оваа станица не успева во целост да ги регистрира сите појави на загадување на воздухот од страна на компаниите, автомобилите и домаќинствата, особено во зима кога користат огревно дрво, нафта или други видови на енергенси кои вршат загадување на воздухот во градот. Затоа на Велес му се потребни повеќе мерни станици за мерење на квалитетот на воздухот гласи. „За почист воздух“ гласи иницијативата на ЕД „Вила Зора“.
Оваа иницијатива на велешките екологисти влезе во приоритетите на проектот „Еднаков пристап за ефективна правда”, имлементиран од Здружението на граѓани – Центар за еколошка демократија Флорозон Скопје. Како третата иницијатива на граѓански организации во државата, членки на националната мрежа.
-Денеска сакаме да ги информираме граѓаните на Велес за постапката што веќе е покрената со поставувањето на мерните станици од страна на претпријатијата во градот. Советот на Општина Велес ја донесе одлуката а ние како граѓанска организација сме тука за да поттикнеме тој процес да се забрза и секако ние да го мониторираме. Придобивката на граѓаните е да бидат информирани за квалитетот на амбиенталниот воздух, кој се загадувачите и секако за мерките што потоа ќе ги треба да се превземат, рече Олгица Наумоска од ЕД “Вила Зора“.
Оваа иницијатива е во согласност со Стратегијата за реформи во правосудниот систем 2017 – 2022 во рамки на проектот на Центар за еколошка демократија Флорозон Скопје.
-Целта на оваа иницијатива е да се адресираат прашањата до институциите, локалната самоуправа во име на граѓаните во однос на обезбедување на квалитетен воздух и поставување на мерните станици. Во рамки на иницијативата ја промовираме и бесплатната правна помош како механизам до пристап за еколошка правда каде што Архуската конвенција не и дозволува на јавноста да биде информирана и со тоа пристап до правда и да биде дел од носењето на мерките и одлуките, рече правната експертка Кристина Најдовска Илиевски од Европската развојна програма.
Иницијативата за поставување на мерни станици во Велес на екологистите од „Вила Зора“ стигнува откако за неа донесе Одлука Советот на Општина Велес. Но Одлуката не ја потпиша градоначалникот Аце Коцевски по што следеше второ изгласување и во исто време обжалување пред Уставен суд од страна на Коцевски. Образложението на градоначалникот е дека градот нема финансиска моќ за поставување на мерни станици.
Според екологистите во услови кога Уставен суд ја одбил тогаш таа е правосилна и им овозможува тие да поттикнуваат на што поскора реализација./У.Ј