Граѓаните се дисциплинираат,според вкупниот број на последно напишани казни за не носење заштитна маска
Објавено на 27 август, 2020 во 06:55
27.08.2020
Во периодот од 07.00 часот на ден 25.08.2020 година до 07.00 часот на ден 26.08.2020 година на подрачјето на СВР Велес констатирани се 41 прекршок по член 6 став 1 од уредбата за носење на лична заштита во врска со пандемијата од ковид 19.
Полицијата во Велес напишала казни за 9 граѓани без маска.Исто толку казни изрекле и полициските службеници од полициската станица во Кавадарци додека во Неготино за само тројца граѓани.
Откако е донесена оваа Уредба за носење лична заштита, на подрачјето на СВР Велес, во кои се наоѓаат полициските станици во трите градови, констатирани се вкупно 4764 прекршоци , од исто толку сторители, а опоменати се 17 лица, информираат од СВР Велес./У.Ј