Затворањето на Еуростандард банка ја блокираше работата и на велешката пошта
Објавено на 13 август, 2020 во 16:01
13.08.2020
На шалтерите на филијалата во Велес на „Македонски пошти“ денеска не можеше да се платат сметки за струја и вода, да се подигне пензија и социјална помош. Исто така не можеше да се испратат писма. Граѓаните доаѓаа и си заминуваа од шалтерите без да можат да ги извршат потребните уплати, да извадат пари или испратат писма.
Во просторот имаше поставено црвена лента што покажуваше дека поштата не работи иако вработените шалтерски работници беа на своите работни места.
Тие не можеа да соопштат ни дали ќе работат утре, петок 14 август. /С.А