СВР Велес лиши од слобода лице од Лојане кое илегално превезувало мигранти
Објавено на 9 јуни, 2020 во 14:29
9.06.2020
Во контрола што рано утринава, околу 3 часот, на автопатот Градско – Велес, во близина на клучка Велес – Штип – Скопје, сообраќајната полиција ја направила на патничко возило „фолксваген шаран“, со скопски регистарски ознаки, открила илегално превезување на мигранти.
Возилото го управувал А.С.(45) од село Лојане, липковско, и во него биле откриени вкупно 12 мигранти, од кои 10 од Авганистан и двајца од Иран.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок./А.С