Коцевски: Денеска нема новозаразени од „Ковид 19“ но граѓаните да бидат претпазливи и да не се опуштаат
22.05.2020
СВР Велес изготвил Оперативен план за дејствување во време на викендот и за муслиманскиот верски празникот Рамазан Бајрам откако полицајците разговарале со оџите во градот и во населените места во општината, каде живеат граѓани од муслиманска вероисповед, соопштил преставникот на оваа институција на денешниот состанок на Општинскиот кризен штаб.
Меѓу вработените во Полициската станица во Велес нема заразени од Ковид-19 . Заболениот е од Единицата за брзо распоредување и по потекло е од Градско а живее на територија на Општина Велес.
Во изминатите 24 часа нема регистриран нов случај на Ковид-19 но има тројца излекувани граѓани и тоа двајца од Инфективното одделение и еден во домашни услови. Се очекува во наредните денови да бидат пуштени оздравените велешани кои се лекуваа на клиники во Скопје.
-Негативни се тестираните вработени во шесте клона на детската градинка „Димче Мирчев“. Во Велес и велешко досега на„ Ковид 19“ се инфицирани 127 лица, оздравени се 70, активни се 49 и починати се осум лица. На домашно лекување се 25 пациенти, 16 пациенти се лекуваат на Инфективното одделение во општата болница и осум на Инфективната клиника во Скопје. Дел од нив се со два негативни теста и се очекува да бидат пуштени дома, рече Градоначалникот на Велес Аце Коцевски на денешната прес конференција.
Коцевски упати апел до граѓаните дека иако во изминатото деноноќие нема новорегистриран со Ковид-19 во Велес сепак да се почитуваат препораките од Владата и здравствените работници кои се однесуваат на носење заштитни маски, држење дистанца од 2 метри, да не се групираат во парковите и другите рекреативни центри и да избегнуваат семејни прослави со цел за да го зачуваат сопственото и здравјето на останатите граѓани./У.Ј