Три тепачки, една во полициски час, се случиле викендов во Велес
18.05.2020
Во две од нив учествувале малолетници. Девојче и нејзината мајка М.А. (37) од Велес физички биле нападнати вчера претпладне на улица „Ангел Мишев“од С.У. (29) од Велес додека еден час подоцна на улица „Димитар Влахов“ настанала физичка пресметка помеѓу Б.З. (42), М.А. (37), Е.Х. (20) и 15-годишен малолетник. По настанот лицата се приведени во Полициската станица Велес.
Во неделата, исто така, еден час по полноќ поточно во време на полициски час, на крстосницата на улиците „Димитрија Чуповски“ и „Роса Плавева“ настанала физичка пресметка помеѓу В.С. (47) и И.С. (41), од една страна и И.Т. (23) и четири непознати лица, од друга страна.
Според информации на СВР Велес, кој ги покрива и полициските станици во Кавадарци и во Неготино, се тепале во саботата околу 16.50 часот и во Демир Капија, кај место викано „Грчки мост“. Таму Љ.Ч. (19) физички го нападнал М.Ч. (20), двајцата од Демир Капија.
Истиот ден во 20.30 часот во Полициската станица Кавадарци, И.М. (22) од Кавадарци пријавил дека околу 17.30 часот на улица „Бел Камен“ во Кавадарци бил физички нападнат од неговиот сосед Г.Т. (69).
Вчера во 15 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека Д.П. (31) и П.М. (31) физички го нападнале Л.Ѓ. (32), сите од Неготино.
СВР Велес информира дека викендов се случила и една сообраќајна незгода. Во саботата во Кавадарци, кога околу 12.30 часот на крстосницата од улиците „Киро Крстев“, „12-те Другари“ и „Калница“ се судриле автомобил „Смарт“ со кавадаречки регистарски броеви, управуван од И.А. (39) и мопед „Кивеј“ со кавадаречки регистарски броеви, управуван од Т.Н. (19) од село Ваташа, кавадаречко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот. Бил извршен увид на местото на настанот.
По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевки./У.Ј