Еден самоизолиран во велешки Хигиенски и 15 во маркетот во Велес
21.04.2020
На денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче во врска со Центарот за јавно здравје во Велес, посочи дека еден од тамошните вработени е во самоизолација, но сите одделенија работат нормално.
Тој додаде дека бил завршен и увидот во маркетот во Велес.
“Петнаесет вработени ќе добијат решенија за самоизолација. Завршена е постапката за дезинфекција и чистење на маркетот. Ако со остатокот вработени може да продолжи функционирањето на маркетот, тогаш истиот може да продолжи со работа”, рече Филипче.
Министерот оваа изјава ја даде откако соопшти дека екипа на Државниот здравствен и санитарен инспекторат денеска била во Велес за да ги согледа состојбите во Центарот за јавно здравје и во маркетот. Станува збор за јавната здравствена институција која објави дека има тројца вработени со симптоми на вирусот како и за трговскиот објект во градот во кој од 12 април наваму се откриени шест позитивни работници на коронавирус./У.Ј