Граѓаните прашуваат како да се заштитат од колегите чии деца се враќаат од школување во странство, држави со висок или среден ризик од коронавирус
Голем е бројот на ученици или студенти кои се образуваат во средни училишта или на високообразовните институции во Република Словенија па и во соседните земји. По прогласената пандемија на коронавирус и затворањето на образовните институции тие веќе го најавиле своето доаѓање дома. Како нивното враќање ќе се одрази на севкупната состојба во Северна Република Македонија со инфективното заболување е често поставувано прашање од викендов и денеска од страна на поголем број на граѓани во Велес, Кавадарци и останатите градови во државата.
Словенија е во списокот на држави со среден ризик, на списокот е обележана со жолта боја и за учениците и студенти, задолжителен е карантин од 14 дена. СЗО предвиде мерки што веќе ги практикуваат државите меѓу кои е и нашата. Задолжителна изолација од 14 дена, користење на посебен прибор за храна, за бања, со задолжително користење на средства за дезинфекција и редовно проветрување, најмалку два пати на ден, на просториите во домот во кој претстојува лице во изолација се дел од препораките и на домашните здравствени институции.
-Но, покрај задолжителната изолација од 14 дена во домот, што е обврска на секој граѓанин во државата што се нашол надвор од неа во моментот на прогласување на пандемијата, секако дека со него ќе остварат контакти членови на семејства, најчесто родителите. А дел од родителите се сепак вработени во институциите или компаниите и ќе мораат да доаѓаат на работните места. Работниот процес налага потреба од контакти со останати колеги. Како да се надмине стравот од пренесување на заразното заболување?, прашаа денеска дел од сограѓаните.
Засега во мерките за заштита на министерството за здравство не е регулирано ова прашање. Лекарите епидемиолози кои ги консултираше Дума.мк со став дека се препорачува само она што официјално стигнало до нив и е поврзано само со лицата повратници од земјите со висок или среден ризик. Засега на светско ниво но и на пониско, се мисли во рамките на државите, посебни мерки за заштита за категоријата вработени нема.
Отворајки ја оваа тема Дума.мк го објавува Списокот на земји според ризик од коронавирус објавена на страната на министерството за здравство. /У.Ј