Д-р Лилија Чолакова Дервишова: Министерот и институциите да покажат малку разбирање како во однос на правилниците така и да не заштитат со донација на дезинфекциски средства во нашите чекални
Ист третман како на вработените во јавното така и во приватното здравство во справување на мерките и заштитата од коронавирусот бара Здружението на приватни лекари. Тие од Министерството и Фондот за здравство бараат да бидат вклучени во носењето на одлуките. Конкретно во состојбата со вирусот бараат и во нивните амбуланти да бидат донирани средства за дезинфекција и маски поради тоа што се дел од здравствениот систем и се изложени на опасност како и нивните колеги во јавното здравство.
-Од Центрите за јавно здравство бараме да ни достават флаери со препораки за нашите пациенти за да ги читаат и да се информираат бидејќи не сите возрасни имаат пристап до интернет. Голем е бројот на граѓани не го знаат телефонскиот број на кој треба да се јават ако почувствуваат симптоми на коронавирус. Од Фондот бараме да донесе сет на превентивни вонредни мерки за вакви ситуации со што би бил пофлексибилен со докторите кои се во карантин бидејќи имаме колега од Центар Жупа што е во карантин а неговите 2 илјади пациенти нема кој да ги опслужува, рече д-р Лилија Чолакова Дервишова претседателката на здружението.
Исто така матичните лекари не можат да ги повикуваат пациентите за да спроведат превентивни мерки и затоа е потребно да бидат сослушани нивните барања и содржани во Правилникот.
-Сме на располагање на здравствениот систем. Секогаш сме биле во првите борбени редови кога имало инфлуенца, кога имало вируси и свински и пилешки и САРС и варичели и морбили па затоа бараме здравствените институции да се погрижат за нас со тоа што ќе донесат опрема затоа што кај матичните доктори во Словенија опременоста е една а кај нас друга. Досега секогаш нас не испуштаат во однос на опрема на вакви вонредни ситуации. Во Италија веќе има 60 чекари во карантин и не би сакале да дојде до таква ситуација па затоа бараме Министерот и институциите да покажат малку разбирање како во однос на правилниците така и да не заштитат со донација на дезинфекциски средства во нашите чекални, додаде д-р Чолакова Дервишова.
Одговарајќи на новинарски прашања со опасноста од заболување со коронавирус претседателката на Здружението на матични лекари на Македонија рече дека место за паника нема туку потребно е да се почитуваат правилата како што е дистанца од најмалку еден метар помеѓу граѓаните во меѓусебна комуникација, изолација на граѓаните кои се враќаат од Италија, ако се затвораат училишта тогаш треба за сите да важи правилото да се избегнуваат масовни собири, седенки итн. Д-р Чолакова Дервишова, исто така, советуваше доколку нема потреба да не се доаѓа во чекалните на амбулантите и додаде дека нема потреба на хроничните пациенти со дијабет, миокардиотет или со мозочни удари да им издаваат потврди.
-Апелираме министерот да ја смени препораката и да биде работодавачите да се јавуваат кај матичните лекари за да потврдат со што би се избегнале секаков вид на контакти кај најподложните граѓани на вируси и настинки во овој период. Сите препораки да одат електронски, рече д-р Чолакова Дервишова.
Таа додаде дека лекарите не се плашат од коронавирусот затоа што и досега прегледувале пациенти со туберколоза,тешки бронхопнеумонии или тешки изливи без утврден наод./У.Ј