Министерот Чулев очекува поголем број на откриени дела на злоупотреба на службена положба и откри една со вмешаност на високи службеници од СВР Велес
Зголемен број на дела од илегалната трговија со наркотици наспроти нерегистрирани за злоупотреба на службена положба и овластување, како дел од областа корупција, организирање на мирен и фер изборен процес на претстојните вонредни парламентарни избори и утврдување на кадровските и материјално технички потреби на СВР Велес биле тема на дискусија на првата работна средба на Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев со началникот Тони Ангеловски и вработените во секторот во Велес.
-Разговаравме за борбата со криминалитетот на подрачјето на СВР Велес при што од она што бев информиран како клучни критични точки тоа се борбата против илегалната трговија со наркотици со зголемен број на откриени и на зголемен број на дела од областа на илегална трговија со наркотици. Како недостаток на секторот беше детектирано немањето на кривични дела на злоупотреба на службена должност. Се спроведуваат обуки на колегите кои ќе учествуваат во изборниот процес на колегите кои ќе учествуваат во изборниот процес од Велес. Дополнително ќе се издадат припачници и мобилни апликации за полицајците кои ќе бидат ангажирани на денот на изборите и договоривме изработка на Акциски план за спречување на нерегуларности на подрачјето на СВР Велес. Колегите ќе достават список за кадровски и материјално технички потреби до МВР, рече министерот Чулев.
Одговарајќи на новинарско прашање за шпекулации кои се слушаат дека поранешниот началник а сега дополнителен началник на СВР Велес заедно со високи полициски службеници се замешале или земале во заштита криминалци осомничени за кражби на дрва во околината на Велес, Чулев одговори:
-Од страна на одделот за контрола, криминалистичка полиција и полициски стандарди во МВР дека во соработка со ОЈО за организиран криминал, одделението за полициски службеници поднеле, односно подготвуваат пријава, за високи полициски службеници во СВР Велес. Се работи по случаи за постапување на високи полициски службеници во село Горно Врановци, во општина Чашка, каде што се работи за кривично дело кражба, нелегална сеча на дрва. По доаѓањето на местото на извршувањето на кривичното дело, полициските службеници ги пуштаат извршителите ги растовараат дрвата и извршителите заедно со средствата на извршување на кривичното дело, односно со тракторот, си заминуваат. Има фото албум од настанот додека полициските службеници делото го пријавуваат како пронајдени предмети, рече Чулев.
Министерот додаде дека станува збор за петмина полициски службеници кои сториле дополнителна грешка што не постапиле согласно Законот за кривична постапка и не го информирале ОЈО Велес за понатамошно постапување додека пак во дополнително отворената постапка давале лажни изјави. Делото, според министерот, се комплетира и по инструкциите на Обвинител ќе биде поднесена кривична пријава во ОЈО за организиран криминал и корупција од одделението за полициски службеници и против нив ќе се иницира дисциплинска постапка.
На новинарското прашање до каде се постапките на полиција во откривањето на ограбувачите на банката во Велес и спортската обложувалница во Кавадарци, Чулев одговори:
-Колегите ме информираа дека на овие случаи се работи оперативно. Вакви случки на подрачјето на секторот се ретки и верувам дека колегите ќе дадат максимум со оперативна поддршка од одделот во Скопје и ќе се расчистат овие настани, рече Чулев.
Тој одговори и на прашањето добра е здравствената состојба полицаецот што беше застрелан на градските гробишта кај црквата „Свети Спас“ и наскоро ќе се врати на работното место како и дека овој настан ќе ги зголеми бројот и службените лица кои ги контролираат делата кражби во Велес за што е отворена и криминалистичка контрола со цел на спречување на дрските кражби./У.Ј