Форум на тема „Помалку храна на депонија а повеќе по домовите“ се одржа во Велес
Завршна средба поточно Форум на проектот „Помалку храна на депонија а повеќе по домовите“ одржаа Здружението „ Бирлик Јекипе“ Велес и партнерската организација „Златно Перо“ од Битола како и „Ромска сила“ од Велес на која ги презентираа постигнатите резултати од седуммесечното спроведување на проектот. Трите граѓански организации го поттикнаа граѓанскиот сектор и донаторите во градот за ширење на идејата за Банка за храна во двата града во државата.
Иплементираниот проект овозможи оваа идеја да биде промовирана и на територијата на општините Градско, Неготино, Прилеп, Битола, Демир Хисар и Новаци. Она што е особено значајно е што еден од резултатите на овој подгрант е искористеноста на карикатурата.
-Предвидените проектни активности како што се наменски стрип конкурс, изложби, пригоден каталог , но и анкетирање и контакти со здруженија ,локални самоуправи и бизнис сектор од наведените општини, создадоа солидна основа за развој и ширење на Банкарството за храна таму каде што до сега не било опфатени. Меѓутоа, креативната кампања изведена преку алатката „стрип“, светски позната 9 та уметност, го афирмираа самиот проект и Банката за храна на Македонија и надвор од границите на нашата земја. На завршниот форум освен тимот на проектот „ Помалку храна на депонија а повеќе по домовите“ присуствуваа и претставници на неформалната коалиција на Банкарството за храна на Македонија, од здруженијата на граѓани од општините од проектот,претставници од загрозени социјални средини и други. Присутните , освен што подетално се запознаа со развојот и историјатот на Банкарството за храна кај нас ,се запознаа со позитивни примери и практики на функционирање на банка за храна произнесоа можности идеи за ширење на мрежата и во други општини, рече Томе Трајков проект координаторот и извршен директор на Здружението „ Бирлик Јекипе“ Велес.
Пред присутните, грантисти и останати претставници на граѓанскиот сектор, во името на донаторот „ВСС Ефект“ говореше и Душко Христов од Банката за храна на Македонија кој освен за важноста на идејата „Банка за храна“ се осврна и на спроведените активности на трите граѓански организации кои посетија 20 училишта во 6 општини во земјата со единствена порака: на храната, местото не и е на депонија, Успеаја да допрат до околу 300 ученици, поттикнаа повеќе од 70 млади основци и средношколци да ни помогнат за, дополнително да се рашири пораката против фрлањето храна и поттикнаа неколку локални организации, бизниси и граѓани да им се придружат и во иднина да ја продолжат мисијата на Банката за храна на Македонија.
Проект „Помалку храна на депонија а повеќе по домовите“ е подгрант и се реализира во рамки на „ВСС Ефект“ – финансиски поддржан од Европската Унија во рамки на ИПА Програмата 2016-2017