Судски совет: Основниот суд Велес, ефикасен и ажурен суд во 2016 година
Основен суд Велес во 2016 година успеал да го совлада приливот на новопримени предмети и го намалил заостатокот на нерешени предмети, пишува во Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2016 година. Извештајот е усвоен и објавен пред седум дена, поточно на 3 јули,годинава.
Во документот, меѓу другото, пишува дека Основниот суд во Велес ја започнал 2016 година со вкупно 2.493 нерешени предмети од претходната година. Во текот на годината примил 15.483 предмети, така што судот вкупно во работа имал 17.970 предмети. Од нив решени се 15.721 предмети, а на крајот на 2016 година нерешени останале вкупно 2.249 предмети.
Од страна на Судскиот совет на Република Македонија, Основен суд Велес е оценет како ефикасен и ажурен суд./У.Ј