Крзнарата „Димко Митрев“ од Велес со зголемена добивка
За деветте месеци од годинава Крзнарската индустрија „Димко Митрев“ од Велес остварила нето добивка од 540 илјади денари што е за 32 проценти повеќе од истиот период од минатата година. Според податоците од македонската берза, пораст од 2 проценти е забележан и ка приходите.
За периодот од први јануари до триесети септември компанијата остварила приход од 165 093 денари, што е за 2.820 денари повеќе од истиот период лани. Најголемо учество во вкупните приходи имаат приходите од странскиот пазар со дури 96 проценти. Приходите од домашниот пазр и другите приходи учествуваат со по два проценти во вкупните приходи на фирмата.
За деветте месеци од годинава, паралелно со приходите забележан е и пораст на расходите кај крзнарската индустрија. Расходите за овој период изнесуваат 164.553 денари и се за два проценти поголеми во однос на истиот период од лани. Компанијата најмногу пари потрошила на суровини и репроматеријали и тоа над 82 илјади денари.
Крзнарата „Димко Митрев“ е извозно ориентирана компанија. Своите прозиводи ги продава како на домашниот така и на пазарите во Шведска, Англија, Германија, Словенија, но исто така и во други земји од Европската унија. Пред две години, по барање на купувачите од Скандинавскиот пазар, посебно од Шведска, велешката фирма отвори погон за производство на декоративни крзнени производи.
Инаку, велешката компанија „Димко Митрев“ е најстара и најголема фабрика за производство на крзно и крзнени производи во Република Македонија./Д.С