Пакети со храна и ќебиња добија 13 сиромашни семејства во Велес
Објавено на 13 јануари, 2017 во 16:01
На тринаесет семејства на самохрани мајки со мали деца и на многудетни семејства во неповолна материјална состојба во Велес и во населбата Превалец кои имаа итна потреба од хумантарна помош денеска Општинскиот Црвен крст и ЈЗУ Здравствен дом од Велес им доделија прехранбени производи и ќебиња.
Помошта што на семејствата им ја предадоа волонтери на Црвениот крст и вработени во патронажната служба од здравствениот дом произлезе како активност од состанокот на Општинскиот кризен штаб одржан деновиве. Станува збор за мерка заедничко дејствување на институциите за помош на ранливо население како последица од студениот бран и поларните температури./У.Ј