Штетни се договорите за закуп на станарите во популано наречените социјални станови во населба Тунел во Велес, тврдат Социјалдемократите
На семејствата кои повеќе од една деценија се корисници на таканаречените социјални станови во населбата Тунел 2 се уште не им е решено станбеното прашање. Договорот со право на откуп кој минатата година го склучија со АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор ги предвидува само нивните обврски ноп не и права. Со вакви реакции денеска излезе велешката опозиција.
Според неа тоа се штетни договори и тоа од повеќе аспекти. Од СДСМ тврдат дека за стан со иста квадратура се плаќа различна цена за закупнина во зависност од бројот на членовите на семејството и нивните приходи.
„ Договорите за закуп од 2015 година се штетни во повеќе сегменти – посебно во делот на определување на висината на закупнината која не е фиксна за периодот за кој е склучен договорот, туку секоја година се менува во зависност од приходите на семејството.
Потенцираме дека ваквата одредба е штетна и дополнително ја продлабочува економска несигурност кај корисниците.
Односот на ВМРО–ДПМНЕ кон оваа категорија корисници на станови не е ништо друго, освен сеење магла со цел да имаат контрола врз корисниците на станови за свои потреби“, рече Дејан Арсовски, О.О на СДСМ.
Според опозицијата овие граѓани две и пол години плаќаат кирија за становите без склучени договори. Тие бараат надлежните институции веднаш да пристапат кон решавање на овој проблем./Д.С