Црвен крст ги советуваше пензионерите како здраво да се хранат
Како да се хранат здраво за да си го подобрат животот денеска слушнаа дваесетина пензионери на едукативната работилница што се одржа во просториите на Црвен крст. Нутриционистот Анѓел Јорданов им одржа интересна лекција за здравиот начин на исхрана и неизбежната физичка активност . Едукативната работилница е дел од предлог иницијативата „Активирај се, никогаш не е доцна“ и има за цел да ја подигне свеста кај лужето од трето доба за придобивките од здравиот начин на исхрана.
„Луѓето во трето доба треба многу да внимаваат на храната особено ако се заболени од некаква заразна или незаразна болест, да практикуваат физичка активност , да пијат многу вода во текот на денот а сето тоа ќе придонесе за подолго и поквалитетно живеење на старите луѓе“, рече нутриционистот Анѓел Јорданов.
Пензионерите кои денеска присуствуваа на едукативната работилница имаат обрска да го шират знаењето што го стекнале на неа меѓу своите врсници од различни делови на градот./Д.С