Штрајкува судската администрација во Велес
Над шеесетина административци од Основниот суд во Велес од денеска излегоа на получасовен штрајк пред зградата на судот. Ќе штрајкуваат се до исполнување на нивното барање, да им се исплати надоместокот за плата во висина од 35 проценти, што им го ветила Владата.
„Ваквото незадоволство се јави кај вработените во судкста администрација поради тоа што на 26 април Владата донесе одлука да се исплати овој надомест што министерството за финансии требаше досега да го реализира. Се даде и дополнителен рок во кој требаше да се исплати додатокот, но и во тој рок истиот не беше исплатен“, рече претседателката на подружница на Здружението на судска администрација Љуба Андоновска.
Штрајкот на судските административци ќе трае во текот на работното време. Ќе се работат само итните предмети како привремени мерки, предмети со притвор, со странски елементи, издавање на уверенија за странци или за вработувања. Штрајкот е организиран во соработка со Здружение на судка администрација заедно со синдикатот на УПОЗ. Инаку се до исполнувањње на барањето, ќе штрајкуваат судските административци во сите судови низ државата. /Д.С