Велешани не претерале со храна и алкохол за празниците
Без претерано консумирање на храна и алкохол, велешани ги поминаа Велигденските празници и продолжениот викенд од четири дена. Нема значителна бројка на граѓани кои се здобиле со здравствени проблеми поради претерано внесување на мрсна храна или алкохол, велат од итната медицинска помош во Велес.
Дежурната сестра Бети Надева вели дека за време на викендот екипи на брзата помош интервенирале кај шестмина граѓани со повраќање и тројца млади во алкохолизирана состојба. Поголем број граѓани се јавиле со симптоми на стомачни болки и вируси. Лекарските интервенции на терен биле далеку помалку бројни од оние амбулантските. За време на викендот драстично бил зголемен бројот на оние граѓани кои побарале здравствена услуга во итната медицинска помош.
За разлика од минатите години, велешани годинава се покажале како дисциплионирани граѓани и достојно ги прославиле празничните денови./Д.С