Таксист загина во сообраќајна несреќа во Велес
Четириесет и пет годишен таксист од Велес го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа. Несреќата се случила утрово околу десет часот на крстосницата на улиците „АСНОМ“ и „Андон Шурков“, поточно пред бензиската станица Црна Река.
Возачот на такси возилото се движел право по улицата АСНОМ кога диретно се удрил во камионот кој се движел во правец кон мостот на улицата Андон Шурков. Од силината на ударот на лице место починал такси возачот кој бил сам во автомобилот, додека возачот на камионот поминал без телесни повреди.
„Во амбулантата на хируршкото одделение во 10.20 часот со возило на итна медицинска помош е донесен пациент роден 1971 година повреден во собраќајна несреќа. Но за жал уште кога го донесоа не покажуваше никакви знаци на живот и само можевме да констатираме смрт. Немаше потреба од реанимациони постапки. Додека кај другиот соучесник во собраќајната несреќа освен стресот не беа констатирани никакви телесни повреди“, рече портпаролот на болница д-р Петре Кодовски.
На местото на несреќата увид извршија јавен обвинител и екипа на СВР Велес.