„Пежо“ удри дете кај споменикот на Брашнаров во Велес
Сообраќајната несреќа се случила на пладне, во 12.35 часот, на улица Благој Ѓорев пред зграда бр.127 во Велес кога патнички автомобил марка„пежо“ со велешки реистерски ознаки управуван од 46- годишен жител на Велес удрил во пешак, единаесет годишно дете. По несреќата пешакот е пренесен во болницата во Велес каде хирурзите констатирале лени телесни повреди. Сепак поради набљудување детето до вечерва ќе биде задржано на лекување на хирушкото одделение.
„Кај пациентот се констатирани нагмечувања на меките делови на главата и по телото. Тој е надвор од животна опасност. Превентивно поради набљудување на здравствената состојба на детето одлучивме до вечерва да остане и да биде пациент на хирушкото одделение,“ рекоа од болницата.
По овластување на јавен обвинител, увид на лице место на сообраќајната несреќа изврши увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес ./У.Ј