УМС на ВМРО ДПМНЕ Велес:СДСМ покажува грижа за младите а зад себе нема оставено ниту еден проект
Подмладокот на ВМРО ДПМНЕ со контра ракција на денешната прес конференција на младите социјалдемократи. Според нив токму СДСМ е партијата која ја закопала судбината на младите во Велес и Македонија, додека владата на ВМРО ДПМНЕ само во последните два месеци промовирала 20 проекти од кои бенефит имаат сите млади во земјава. На денешната прес конференција младите на ДПМНЕ ги спомнаа проектите кои досега партијата ги реализирала.
„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го реализираше и проектот компјутер за секое дете, бесплатен престој во ученички домови, бесплатни учебници, задолжително средно образование, изградба на спортски сали, реновирања и изградба на средни и основни училишта, студенстки домови, пониска партиципација за студирање и уште многу други проекти“, рече потпретседателот на УМС ОК Велес, Бојан Смилевски.
Од Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ велат дека и во иднина партијата ќе работи на проекти за подобра иднина на младите во земјава./Д.С