Новини во општата болница во Кавадарци (ВИДЕО)
Објавено на 25 ноември, 2020 во 13:55
25.11.2020
По цели 45 години деновиве операционата сала на гинеколошко акушерското одделение во кавадаречката болница доби нов апарат за анестезија.
Од денеска зголемен е бројот на тестирања за ковид за дополнителни 30 термини. За овие новини денеска на прес конференција информираше директорот на кавадаречката болница д-р Диме Коцев.
Тој нагласи дека на ковид одделот се хоспитализирани 40 пациенти, со средно-тешка клиничка слика и истите се во стабилна општа состојба.
А.Д