Грабеж во спортска обложувалница во Кавадарци
Објавено на 18 февруари, 2020 во 08:20
Грабежот го извршиле две непознати лица кои во 3 часот по полноќ влегле во спортската обложувалница „Спорт лајф“ и упатиле закани кон вработената за да им ги даде парите. Жената под притисок и страв ја извршила наредбата на ограбувачите. Тие штом ги земале парите избегале.
Грабежот бил пријавен во полициската станица во Кавадарци. Настанот потврден е од МВР.
-Се превземаат мерки за расчистување на случајот, рече портпаролот Димитар Каракулев.
Ограбената спортска обложувалница се наоѓа на ул: Страшо Пинџур во Кавадарци./А.Д