Мртво тело на човек откриено кај Згрополци
Објавено на 3 февруари, 2019 во 07:21
Машиновозач забележал како на железничката пруга Велес – Градско, кај железничката станица „Згрополци“, во саботата на 1 февруари околу 18:45 часот лежи машко тело.
Тој случката ја пријавил во полициската станица на Секторот за внатрешни работи во Велес.
Увидната полициска екипа излегла на местото на случката по чиј увид и лекарската констатација на лекарот од Итна медицинска помош на Здравствениот дом во Велес било констатирано дека смртта настапила без траги на насилство како и дека станува збор за шеесет и две годишното лице М.О. од Велес./У.Ј