Кавадарчани ќе можат да го проследат „Медена земја“ и уште два настани до крај на јануари
Објавено на 25 јануари, 2020 во 17:20
На сцената на Дом на културата “Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци, во понеделник, на 27 јануари 2020, со почеток од 19 часот, актерот Петар Темелковски ќе ја изведе монодрамата “Последната ноќ на Јустинијан I“ работена на текст на Јордан Плевнеш.
Во среда, на 29 јануари 2020, со почеток од 19.30 часот, кавадарчани ќе можат да го проследат документарниот филм “Медена земја“.
На 1 февруари 2020, во сабота, со почеток од 19 часот, ќе се оддржи традиционалниот Годишен концерт на Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ кој работи при Домот на културата./У.Ј