Во Ликовен салон во Велес ќе се отвори изложбата „Фемиграции“
Објавено на 22 август, 2018 во 14:59
Изложба со наслов: „ФЕМИГРАЦИИ – уметност за правата на бегалците“ која е дел од проектните активности на проектот на УСАИД за заштита на правата на бегалците и мигрантите имплементиран од Македонското здружение на млади правници ќе биде отворена во Ликовен салон во Велес на 23 август, годинава.
Изложбата е составена од 21 ликовно дело и видео-арт презентации изработени од жени уметнички од Македонија за жените бегалки од кризните региони, кои храбро се впуштаат во неизвесноста во потрага по подобри услови за живот.
Изложбата е под кураторство на Ана Франговска и проект координација на Нита Чаволи.
Изложбата ќе биде отворена во четврток на 23 август со почеток во 19.30 часот./У.Ј