Изложба на Луан Зеники во Музеј Галерија Кавадарци
Објавено на 22 август, 2018 во 14:44
Ликовниот уметник Луан Зенки од Гостивар излага свои дела во Музеј Галерија Кавадарци. Изложбата е дел од настаните на Меѓународната ликовна колонија “Кавадарци – Михајлово 2018“ посветена на познатиот уметник Ристо Соколов Сокол. Неа ќе ја отвори уметникот и професор Решат Амети од Гостивар.
Отворањето на изложбата е закажано за 20 часот. Неа ја организираат Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци и Музеј Галерија Кавадарци.
Изложбата е подржана од Министерството за култура на Република Македонија./У.Ј