Професор Кулавкова:„Поезијата ја облагородува душата на човекот“ (ФОТО)
Ни година од животот без објавена книга. Со оваа констатација го започна драматургот Сашо Димовски интервјуто со професор Катица Ќулавкова на вечерта со нејзината поезија организирана од театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“. Во фоајето на велешки театар пред почитувачите на поезијата Димовски констатацијата ја поткрепи со аргументи од големиот творечки опус на професор Кулавкова како што се: четири децении од првата објавена книга, 13 поетски стихозбирки, три поетски избори, две книги раскази, една поетска драма, но и 15 книги книжевна теорија есеистика и критика, десеттина различни книги исцело преведени и објавени на други јазици, триесеттина преведени книги од областа на книжевната наука и теоријата на книжевноста , десеттина антологии и избори итн.
– „Простата математика“ ни вели дека за творечкиот опус од животот на Катица Ќулавкова би можела дури да биде валидна и максимата: „Ни година без објавени две книги, рече Димовски.
Разговарајки со професор Кулавкова тој на публиката и овозможи токму низ одговорите на поставените прашања одблизу да се запознаат со импознатниот опус на поетесата која на самиот почеток ја прочита песната „Природа си е природа“ и за крај „Роење пчела“ што ја посвети на својот татко, на сестра си, која беше присутна и на членовите на нејзиното семејство, во одлично осмисленото поетско портретирање во нејзиниот роден град.
Во паузите во кои присутните љубители на поезијата од близу ја запознаваа поетесата преку одговори на поставени прашања поезија читаа актерите Младен Крстевски, Слободанка Чичевска и Васил Зафирчев. За инструментална поддршка ги имаа изведбите на гитара на Сашко Костов .
-Јас секогаш препорачувам секому кој има малку желба да се изрази поетски , ако се гледа себе си на таков начин, да проба да пишува. Поезијата не е наменета само за поетите професионалци. Со поезија можат да се занимаваат и стари и млади , аматери, вљубеници итн. Поезијата можете да ја доживеете и терапевтски. Тоа се прави денеска во светот за што има часови и иsтражувања. Но поезијата во секој случај облагородува бидејќи кога користите облагороден јазик тогаш и вашата душа и вашата личност се облагородува. Ние денес многу, мислам јавно, користиме една вулгарна реторика што зборува за нашата состојба на духот. И одтаму наоѓање време за контакт со поезијата значи дека барем се трудиме да се облагородиме. Во секој случај барем да се чита. Еве вие мене ме поттикнавте да си ја читам мојата стара поезија. Ако јас не сум рамнодушна се надевам дека не сте ни вие, рече Кулавкова.
Вечерите со поезија на роднокрајни поети е нов концепт на велешки театар. Ќе се случуваат еднаш месечно. Во декември љубителите на поезијата во градот ќе имаат можност да се сружат со поезијата на поетот Ристо Јачев/У.Ј
Фото галерија