Документарецот „Со љубов“ („Avec L`amour“) за неготинецот Пашлаков во трка за награда на претстојниот 23. „Саревски филмски фестивал“
Македонскиот документарен филм „Со љубов“, промовиран на најпрестижниот фестивал за документарен филм во светот „Хот докс“ во Торонто во Канада, сега ќе се натпреварува за награда на претстојниот 23. „Саревски филмски фестивал“.
Документарецот е всушност приказна за Дионис Пашлаков ,пензиониран професор по биологија од Неготино и во исто време пасиониран љубител на олдтајмери.
Во филмот приказната му е посветена на Неготинецот кој има преку сто стари и дотраени автомобили што не се во функција како и неговата огромна љубов кон нив. За да ја поднови колекцијата тој финансиите ги обезбедува заедно со сопругата Гоца познат слаткар во градот на виното. Со интересни брачни расправии поддржани од саундтрак на „Фолтин“, се гради љубовна приказна на стартувањето на моторите од старите автомобили.
На плацот на старите автомобили Пашлаков всушност им го продолжува векот тогаш кога сите од нив кренале раце.
Филмот ја имаше својата премиера на 2 мај годинава.
Инаку, четиринаесет филма се вклучени во официјалната програма на 23. „Сараевски филмски фестивал“ во категоријата документарци. Македонскиот „Со љубов“ е во режија на Илија Цветковски а продуцент е Атанас Георгиев./Б.Н.Т