Kинопроекција на новиот македонски игран филм „Јавачи на коњи“ на режисерот Гавриловски во Велес
Објавено на 19 мај, 2017 во 10:28
„Јавачи на коњи“ е филмска приказна за тројца бездомници, една желба, три приказни и еден проблем.
Сценариото за филмот е на Никола Кузелов, директор на фотографија е Даниел Калач, монтажата е на Златко Стровјановски и Адриан Мани, дизајнот на звук е на Симон Кипровеки, а автор на музиката е Бобан Апостолов.
Во филмот настапуваат актерите Бобан Кулески, Никола Кузелов, Долорес Поповиќ, Владимир Јаревски и Кристијан Стојановски.
Кинопроекцијата во Велес ќе се одржи во петок, на 26 мај, со почеток во 20 часот, во Театар „Џинот“.
Билетите за кинопроекцијата на филмот се веќе во продажба на билетарницата на театарот./У.Ј