Во Ликовен салон Велес изложба UKIYOE – Јапонска графика на дрворези
Народниот музеј , пред половина година вети и вчеравечер, 13 февруари, во Ликовниот салон во Велес ја отвори Изложбата Јапонскиот лебдечки свет – Ukiyo-e. Присутните љубители на ликовната уметност имаа исклучителната можност да се запознаат со еден од најкарактеристични правци во уметноста на Јапонија.
Збор Ukioy-e во буквален превод значи слики од летечкиот свет и го означува уметничкиот жанр во Јапонија во периодот од 17 до 19 век којшто го доживеа својот врв во текот на 18 век . Овој правец во уметноста како и многупати досега низ историјата се раѓа низ политичките и социјалните промени на едно општество кога од пепелта на завојуваните феудалци се раѓа Токугава законот кој во целост ја менува филозофијата на животот односно се слави живеењето во моментот низ призмата на секојдневниот живот на прочуените квартови на градот Едо денешен Токио.
– Овие дела се омаж на убавината на месечината, цреѓовите дрва и јавоворивиот лист потоа птиците, цвеќињата и идиличните пејзажи. Делата го отсликуваат креативниот дух на натпреварот за превласт помеѓу трговската класа и самураите во сферата на елеганцијата и рафинираниот вкус. Овој жанр не запира само во претставувањето на убавините на природата напротив тој пред нас го носи богатиот свет на кабуки театарот, сензуалноста и рафинираноста на куртизаните и жените кои под раскошните облеки кријат здраво и силно тело исполнето со визуелни тактилни и софистицирани импресии однсоно жена од која зрачи живот и енергија. Сепак овој правец во уметноста особено во изразот и презентацијата на жената доживува промени и различни пристапи. Така во раниот 18 век жената е сместена во кабуки сцена која се прелева и во секојдневниот живот кадешто жената ги копира манирите на кабуки актерите. Во својот подем ликовите во делата на укиоје мајсторите се нежни но со силни чувства, исполнети со сензибилност и движења кои се грациозни и умерени но моќни и силни. На крај би сакала да ја споменам и фактот дека според техниката на изведбата на графиките односно печатењето на дебели слоеви боја врз врз хартијата овие дела односно цртежите биле нарекувани нишики (nishiki) или „брокатни слики“ бидејќи наликувале на најквалитетната кинеска брокатна свила, рече на отворањето на изложбата Анита Василкова Мидовска, директор на Народен Музеј во Велес.
{vembed Y=t8uF3PZ3KGQ}
На оваа изложба се претставени најзначајните мајстори на укиоје техниката кои пред посетителите го распостилаат светот на граѓанскиот сталеж, светот на уметноста и светот на природата. Дел од нив се Утамаро Китагава, Кијонара Тории, Кунисада Утагава, Утагава Тојохиро, Чоенсаи Еишин, Кубо Шунман и др.
– Вниманието на Европа кон ukioy-e уметноста и воопштто кон јапонската уметност се случило во 1867 година на Интернационалната изложба во Париз кога биле преставени и дела на големите мајстори на ukiyо-е уметноста. Овие дела извршиле големо влијание особено во модерната уметност односно во периодот на раниот импресионизам врз уметниците како што се Мане, Моне, Дега, Тулуз-Лотрек, но и на ументоста на Ван Гог, Гоген, на групата уметници таканаречените Набисти (особено Бонар и Вијар) и други, додаде Василкова Мидовска.
Изложбата и идејно и концепциски е дело на кураторот Јасминка Намичева којашто преку проектот MuseumLink, во кој се вмрежени 27 институции од културата, ја носи оваа изложба низ цела Македонија носејќи го во себе духот на времето и стремежот – уметноста во својата космополитска компонента да допре до поголема публика./У.Ј