Прва трка од државниот Шампионат ЕНДУРО 2020 на велешко „Езеро Младост“
20.06.2020
Педесеттина натпреварувачи од државата во недела, на 21 јуни, ќе учествуваат во првата трка од државниот Ендуро шампионат за 2020 година. Годинешниот шампионат во оваа возбудлива мото дисциплина ќе се одржи на веќе познатата локација на велешкото езеро „Младост”.
Поради актуелната ситуација со пандемијата Ковид-19, трката ќе се одржи без присуство на публика.
Сепак ќе се следат препораките, насоките и протоколите од Агенцијата за млади и спорт предвидени за организирање натпревари во индивидуален спорт.
Организатор на рганизација на Мото клубот „Мото Велес”. Шампионатот ја има поддршката на Мотоциклистичката федерација на Македонија и Општина Велес.
Се очекува Градоначалникот Аце Коцевски да го означи стартот на трката и на учесниците да им посака спортска среќа, успешен и фер натпревар.
Натпреварувачите, педесетина на број, кои доаѓаат од повеќе градови во државата, ќе ја поминат патеката во четири кругови, по 25 км, со еден Ендуро тест во секој круг ќе се мери времето. Натпреварувачите ќе се натпреваруваат во класите Е1, Е2, Е3 и „Велес Оф Роуд” (за возачи аматери, без лиценци). /У.Ј