Синоќешното невреме зад себе остави пустош во населба Превалец (ФОТО и ВИДЕО)
9.08.2020
Големи штети претрпеа жителите на населбата Превалец од невремето што синоќа го зафати Велес. Од ридот до подножјето на населбата се слеваат реки од вода. Попатно водата на улиците носеше се што ќе зафати. Голем бран со вода помети и излизга автомобил. Големата количина на вода навлезе во дворни места и подрумски простории на куќи во Превалец.
Видеата покажуваат како беше синоќа во оваа велешка населба во која за жал жителите не можеа ништо да сторат.
{vembed Y=sN5g3CQTGgU}
{vembed Y=ptXEjnfYr2w}
Утрово вака изгледа населбата;
{vembed Y=F7O76kgUZOY}
Според постари граѓани на Превалец невреме со ист интензитет како синоќешното имало пред најмалку 32 години. Тие раскажуваат дека пред тоа имало уште три, кога нивните улици биле претворени во речни корита а водата имала голем интензитет па ги поплавувала домовите на граѓаните кои живееле покрај река Тополка која тече низ населбата.
Претпладнево глетката во населбата е ваква:
Денеска, Градоначалникот на Велес Аце Коцевски закажа вонредна седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување./У.Ј