Нова проекција викендов на Drive-In Cinema на нова локација во Велес
10.08.2020
Поради лошите временски услови, тимот на Drive-In Cinema „ЕВЕНТИВЕ“ ДОО мораше да го одложи настанот Drive In Cinema #3 за 15 август, сабота. Тоа значи дека проектот “Летното кино од автомобил“ во Велес продолжува на друга и многу поголема локација, поточно на паркингот на фабриката „Smelt-Ing“ на паркингот до бензиска пумпа на ОКТА и спроти објектот на Авто мото сојузот на Македонија во Велес соопштија организаторите.
-И покрај целиот напор што го вложивме за да го овозможиме овој настан, синоќа, недела 9 август, не можевме да се избориме со временските неприлики кои ни се случија оваа недела. Сите кои резервираа карти, ќе бидат известени преку соопштение, медиумите и по телефон, а нивното место е загарантирано и за претстојниот викенд, соопштија од тимот на Drive-In Cinema.
Тие ја презакажаа веќе најавената прекција на летниот мега хит „The Beach Bum“ со Matthew McConaughey, Snoop Dogg, Martin Lawrence и многу други актери во главнитеулоги за 15 август, сабота, со почеток во 19.00 часот .
Во исто време и ги повикаа сите вљубеници на филмски проеции на големо платно да бидат дел од проекцијата кога за целосно доживување додека се во автомобилот ќе ги забавуваат DJ Shorty P и DJ Popeye.
Резервациите продолжуваат, зоните остануваат исти, но организаторите ги известуваат заинтересираните филмомани дека за 3 од вкупно 4 зони се пред распродавање.
Резервациите се договарат на телефоните: 078/256-516 и 078/430-356.
Ивана Мирчевска