Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

pecenatikva fin

2.12.2020

За тиквата постојат толку разновидни начини на нејзино приготвување, што ниеден друг зеленчук не и е рамен. За жал, кај нас таа главно се пече а некои ја варат. Исто така постојат две групи. Во едната група спаѓаат оние кои ја обожуваат тиквата, а во втората група спаѓаат оние кој не ја поднесуваат.

Тиквите се едногодишни растенија од фамилијата Cucurbitaceae. Тие, како продукт во исхраната, се употребувале уште во далечното минато. Археолошките истражувања укажуваат дека тиквата се употребувала уште пред 3000 години, а можеби и 5000 години.

Кој би знаел? Семки од тиква се најдени во гробниците на перуанските Индијанци, а жителите на древна Грција и Рим во исушена тиква чувале разни течности. Диви тикви биле најдени во северна Африка и се претпоставува дека и на тоа подрачје виреела тиквата од каде и се раширила по цел свет.
Постојат голем број разни видови тикви. Може да се поделат во две групи, зимски и летни тиква. Летната тиква обично е мека, а зимската е потврда, како од надвор така и од внатре. Зимските тикви, ако се чуваат на ладно место, може да траат подолго и до неколку месеци, не губејќи ги своите својства.

Тиквата е врвот по содржина на железо, бакар, и флуор, содржи калиум, калциум, манган, цинк кобалт, силициум. Богата е со пектини, шеќери, витамините С, Е, витамини од групата В, каротин. По содржината на каротин побогата е тиквата дури и од морковот. Освен тоа, тиквата е богата со прехранбените влакна кои лесно се усвојуваат од страна на организмот, и воопшто не е калорична.

Најновите испитување открија дека тиквата добро делува за лекување на псоријаза. Семките на тиква е исто така лековито и најчесто се препорачува како ефикасно средство против детските глисти. Можат да ги консумираат и деца од две – три години, бремени жени, доилки и постари лица, како и луѓе со болен џигер. Семките од тиква ги олеснуваат тегобите кај простата.

tikvasomed fin

Печена тиква со прелив од мед
Состојки:
• 2 лажици мед
• 1 лажица сок од цеден портокал
• 1 лажица маслиново масло
• 1,5 кг тиква

Загрејте ја рерната на 200 степени и обложете го плехот со хартија за печење. Во еден сад измешајте го медот, сокот и маслото. Исечете ја тиквата на парчиња, излупете ја и исчистете ја од семките. Намачкајте ја со подготвената смеса и печете околу 40 минути додека тиквата не омекне.

maskaodtikva fin

• Маска за лице

Пирето од тиква ставете го на лице десетина минути. Ќе ги исчисти и намали порите, а кожата ќе ги впие витамините и минералите. Посебно е добра за кожа која е склона на создавање акни и митесери. Во последно време и индустриите за убавина, ги применуваат старите знаења, па се во производите за нега на проблематична кожа каде користат супстанци од тиква.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

NOVOGODISENBANERSINALCO

 
   
   
   
   

Најново