Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

menstrualnahigiena fin

Шкотска стана првата земја во светот што ги прави производите потребни на жените за време на менструацијата бесплатни за сите, јави Би Би Си.
Членовите на шкотскиот Парламент едногласно го одобрија нацрт-законот за обезбедување на такви производи бесплатно.

Во моментов постои законска обврска за локалните власти да обезбедат бесплатни артикли како што се тампони и влошки на располагање на „секој што има потреба“.

Предлог-законот беше поднесен од лабуристката Моника Ленон. Таа води кампања за ставање крај на проблемот со обезбедување на неопходните хигиенски производи од 2016 година.

Таа рече дека тоа е „практичен и прогресивн“ законодавен акт, кој станува уште поважен поради пандемијата на коронавирус.

„Менструацијата не застанува во пандемии и работата за подобрување на пристапот до тампони, хигиенски влошки и други производи за еднократна употреба никогаш не била поважна“, додаде таа.

Постои феномен наречен „менструална сиромаштија“, т.е. кога жените со ниски примања не можат да си дозволат или да пристапат до производите што им се потребни.

При просечен менструален циклус од околу пет дена, тампоните и влошките може да чинат до осум фунти месечно, а некои жени имаат проблеми со обезбедување на овие производи за сопствена хигиена.

Истражувањето спроведено на повеќе од 2.000 луѓе од страна на установата „Young Scot“ откри дека приближно секоја четврта испитаничка на училиште, колеџ или универзитет во Шкотска има проблеми со обезбедувањето на потребните производи за време на менструацијата.

Во меѓувреме, се дојде до сознание дека околу 10 проценти од девојчињата во Велика Британија не се во можност да си ги дозволат потребните продукти за време на еден циклус; 15 отсто ги обезбедуваат со напор, а 19 проценти користеле помалку соодветни производи поради трошоците, се вели во студијата.

Покрај „менструалната сиромаштија“, предлог-законот се однесува и на непријатноста на младите девојки да кажат дека се во циклус. Истражувачите велат дека ова е проблем за младите девојки. Откриено е дека 71 процент од жените на 14-21 годишна возраст се чувствуваат непријатно да купуваат производи за менструалниот циклус.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

NOVOGODISENBANERSINALCO

 
   
   
   
   

Најново