Имунитетот на оздравените од коронавирус би можел да трае со години или децении: oптимистички вести од најново истражување
18.11.2020
Новото истражување на угледни научници од лабораторија што открила дека лицата кои закрепнале од ковид-19 развиле издржливи нивоа на Б и Т клетки, со оптимистички вести. Сметаат дека имунитетот на коронавирусот би можел да трае со години, а можеби дури и децении, пренесува Форбс.
Б и Т клетките му се неопходни на организмот во борбата против вирусот и можат многу долго да бидат присутни во телото.
Научниците анализирале примероци од крв од 185 пациенти на возраст од 19 до 81 година, кои на почетокот на пандемијата биле позитивни на коронавирусот и откриле дека повеќето од нив имаат доволно имуни клетки за борбата против вирусот и за спречување нова инфекција.
Исто така, антителата се покажале како издржливи, со многу слаб степен на опаѓање, што подразбира многу години, а можно е и многу децении заштита од коронавирусот.
Иако истражувањето сѐ уште не е рецензирано, Њујорк тајмс го нарекува „најсеопфатно истражување за одговорот на имунолошкиот систем на новиот коронавирус“.
Апорви Мандавили, дописничка од Њујорк тајмс, објаснува дека многу поединци кои биле заразени со ковид-19 „долго време ќе бидат заштитени од нова инфекција“, и дека вакцината може да произведе уште подолга заштита.
„Веројатно нема да треба луѓето да се вакцинираат секоја година како што се плашевме“, пишува Мандавали.
Мите Јаначков
Неодамна научниците открија дека луѓето кои го преживеале вирусот САРС, кој исто така е предизвикан од коронавирус, и 17 години по заразата носат важни имунолошки клетки.