Напивка од мајчина душица ,инфузија на живот која го обновува целото тело
Мајчина душица не е само зачин. Оваа разноврсна билка е полна со витамини.Мајчина душичка е полна со витамин Ц, исто така е одличен извор на витамин А. Содржи бакар, растителни влакна, железо и манган.
Мајчина душичка дава род со околу 350 видови на ароматични многугодишни растенија и полугрмушки високи до 40 см, кои припаѓаат на семејството на усноцветните растенија.
Членовите потекнуваат од умерените региони на Европа, Северна Африка и Азија. Стеблата се тенки и жичести, а листовите се многугодишни кај повеќето видови, наредени наспрамно, овални, целосни и мали, долги 4–20 mm и најчесто ароматични.
Цветовите се групирани во густи терминални главички, со нееднаква чашка, кај која горната усна е троделна, а долната е расцепена. Венчето е цевчесто, долго 4-10 мм, бело, розево или лилјаково.
Неколку видови од овој род се култивираат како кулинарски билки или украсни растенија. Најпознат вид е Thymus vulgaris, односно обична мајчина душичка.
Мајчината душица ќе помогне во лекување на акни, високиот крвен притисок. Ако имате настинка, чајот од мајчина душица ќе ви го врати здравјето.
Исто така, третира главоболка, кашлица и треска.
Подгответе напивка што го лекува целото тело:
2 везици свежа мајчина душица; 1 до 2 литри вода (филтрирана или изворска).
Наполнете го садот со вода со собна температура и додадете ја мајчината душица. Оставете ја да се натопи преку ноќ.Наутро извадете ја мајчина душица и додадете цеден лимон и мед. Пијте во текот на целиот ден, тоа е инфузија на живот која го обновува целото тело.