Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

hranazaglavobolka fin

Еден од начините да ги ублажите симптомите е да го смените начинот на исхрана. Иако постојат намирници кои поттикнуваат мигрена, постојат и такви кои ќе ви помогнат да ја спречите.

Авокадо

Авокадото е полно со хранливи материи. Богато е со антиоксиданти како што се лутеин и зеаксантин.
Не само што може да ја спречи мигрената, туку и ја смирува на подолго време.
Еден од начините да ги ублажите симптомите е да го смените начинот на исхрана. Иако постојат намирници кои поттикнуваат мигрена, постојат и такви кои ќе ви помогнат да ја спречите.

Смокви
Смоквите се добри за нашето тело. Тие го содржат минералот калиум кој ја ублажува главоболката.

Лосос
Лососот е полн со омега 3 масни киселини и витамин Б2 кој спречува таложење на тромбоцити, процес кој е одговорен за чести главоболки.
Исто така, лососот го намалува воспалението и помага во борба против мигрената.

Морков, краставица, целер
Дехидратацијата е една од главните причини за главоболка, затоа обрнете внимание на количината на вода која ја внесувате во организмот. Овие намирници се богати со вода, а достапни се во секоја сезона.

Јогурт
Рибофлавин е дел од витамин Б, а јогуртот изобилува со него.

Сок од лимон
Лимонот е богат со витамин Ц, а за неговите лековити дејства се знае уште одамна, но треба да имате предвид дека сокот од лимон помага и во борбата против мигрена.

Паста од цимет
Овој природен лек може да го направите дома. Земете неколку стапчиња цимет, смелете ги во прав. Додајте вода и направете густа паста.

Пастата нанесете ја на слепоочницата и на челото. Измијте после 25-30 минути. Оваа паста ја намалува болката на природен начин.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново