Јадете батернат тиква, здрава е
Еве неколку здравствени придобивки од оваа тиква:
1. Ќе ве снабдат со каротеноиди
Каротеноидите се важни антиоксиданти, кои се јавуваат во многу форми. Кога ќе ја наполните чинијата со батернат тиква, се снабдувате со четири различни видови на антиоксиданси: алфа каротен, бета каротен, лутеин и зеаксантин. Вашето тело ќе ги преработат првите два во витамин А, а другите два вашите очи ќе ги користат за подобар вид и за да избегнат сериозни болести како катаракта.
2. Ќе добиете многу растителни влакна
Батернат тиквата е одлична затоа што содржи растворливи и нерастворливи влакна, а и едните и другите се добри за вашето тело. Нерастворливите влакна го чистат дигестивниот тракт и спречуваат запек. Растворливите влакна му помагаат на телото да одржува стабилно ниво на шеќер во крвта бидејќи го забавуваат распаѓањето на јаглехидратите. Поради таа важна особина, тиквата и другиот зеленчук богат со растителни влакна се сметаат за добри за дијабетичарите.
3. Ќе се снабдите со електролити
Електролитите не доаѓаат само од спортските напитоци. Надоместете ги со храна – батернат тиквата е богата со калиум, калциум и магнезиум, а тоа се трите најважни електролити. Меѓу другите задачи, тие минерали помагаат да се воспостави рамнотежа на течностите во телото, а исто така го одржуваат и здравјето на нервите и мускулите. Една порција батернат тиква од магдонос обезбедува 10% од дневните потреби за калиум, 11% магнезиум и 6% калциум.
4. Многу витамин Ц
Дури и луѓето кои не знаат многу за исхраната знаат колку е здрав витаминот Ц за организмот. Тој е антиоксиданс, што значи дека го намалува стресот на кој се изложени клетките, па дури и го забавува процесот на стареење. Антиоксидансите ги намалуваат шансите за мутации на клетките, кои на крајот доведуваат до рак. Една порција батернат тиква ви обезбедува помеѓу 32 и 39 проценти од дневните потреби за витамин Ц.
5. Ќе добиете неверојатно здрава закуска
Не само што можете да ја јадете самата тиква, туку и да ги извадите семките, а потоа да ги испечете и да добиете многу вкусна и здрава закуска. Семето од тиква е богато со протеини, влакна и здрави масти.
6. Ќе добиете и многу витамини од групата Б
Витамините од групата Б се многу важни за здравјето, особено за здравјето на мозокот. Ако јадете батернат тиква, ќе задоволите голем дел од вашите потреби за витамин Б – 19 отсто Б6, 11 отсто Б2 и 4 отсто Б3 во една порција.
7. Ќе ги намалите воспалителните процеси во телото
Зошто батернат тиквата го намалува воспалението? Бидејќи е богата со разни соединенија кои имаат докажано силно антиинфламаторно дејство. Тоа се витамин Ц, омега-3 масни киселини (кој вели дека треба да јадете риба?), како и кукурбитацини, соединенија кои исто така имаат потенцијални антиканцерогени ефекти.
8. Ќе ослабнете
Батернат тиквата е квалитетна намирница, бидејќи обезбедува многу нутриенти и малку калории. Таквите намирници го задоволуваат гладот и спречуваат прејадување, па ви го олеснуваат оржувањето на виткост. Добра вест е дека батернат тиквата е крајно лесна за подготовка на десетици различни начини.