Храна што може да ве направи задоволни и среќни
Подгответе си свежа сезонска салата во чиј состав можете да ставите најразлични зеленчуци во различни бои. Токму таквата колоритност ќе ви го подобри расположението а истовремено ќе ве направи и поздрави, бидејќи со редовен внес на ваков тип на храна, вие ќе внесувате доволно витамини и минерали кои ќе ви помогнат да го одржувате здравјето и виталноста на телото.
Освен зеленчукот кој ќе го ставите во чинијата, важно е и какво масло за јадење ќе изберете за да го подобрите вкусот. Според нутриционистите, во ваква ситуација, најдобро е да се користат ладно цедени масла.
Кога бирате храна која може да ви го подобри расположението, имајте на ум дека и разичните видови на риба, можат да имаат позитивно влијание.
Најпрепорачливо е да изберете лосос кој содржи здрави масти и витамин Д. Во лососот се наоѓаат и омега-3 масни киселини кои не само што го подобруваат расположението, туку и го намалуваат крвниот притисок и го намалуваат ризикот од срцеви болести.
Кога лососот ќе го изедете во комбинација со колоритната сезонска саалата која си ја подготвивте, можете да си дозволите да грицнете и малку јаткасти плодови.
Jаткастите плодови се полни со протеини, здрави масти, селен и витамин Е. Кога и да сте лошо расположени или почувствувате дека енергијата ви паѓа, изедете еден грст јаткасти плодови..
За десерт, наместо торти и колачиња кои ќе ви ја одземат енергијата, изедете една банана.
Бананите се познати како овошје кое содржи многу калиум и витамин Б, но имаат и добро влијание врз нивото на енергија. Покрај тоа, за подобрување на менталното здравје, препорачливо е да се јадат зелени банани. Во составот на вака недозреаниот плод, има голем број на пробиотички влакна кои помагаат во оддржување на здравио