Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

visni fin

Со диетата со вишни, осмислена од д-р Ана Бинс, позната британска нутриционистка, нема ни да почувствувате дека сте на диета. Не треба да консумирате повеќе од 1.200 калории на ден. Покрај тоа, треба да јадете 300 грама вишни кои содржат дополнителни 280 калории, па пресметката може да ве збуни.

Покрај губење на тежината, благодарение на вишните, цревата ќе работат подобро, вашиот организам ќе биде почист и побрзо ќе ги согорувате резервите на маснотии.

Држете ја диетата три дена, направете пауза од еден ден (кога нема да јадете вишни), а потоа повторете ја. Додека одморате, не смеете да јадете слатки и потрудете се во менито да вклучите посно месо, риба и зеленчук.

Што е дозволено

300 гр вишни на ден, јајца, секаков вид месо, вклучувајќи морска храна, зеленчук, првенствено домати, пиперки, кромид, краставици, тиквички, модар патлиџан, блитва, зелка, моркови, печурки – овошје, без исклучоци, околу 150 гр мед и суво овошје неделно, маслиново масло, вода, чај, повремено и незасладен сок.

Што е забрането

Сите видови шеќер, грав, грашок, чоколадо, сол, мајонез, квасец, оцет

План на исхрана

Понеделник
Појадок: парче интегрален леб, две парчиња пилешки гради, 1 дл млеко или јогурт
Ужина: 150 гр цреши
Ручек: варено јајце, 250 гр мешан варен зеленчук зачинет со маслиново масло и лимон, 40 гр интегрален леб
Ужина: 150 гр вишни
Вечера: 150 гр печена говедска шницла зачинета со две лажици маслиново масло, 40 гр леб, а за десерт-пире од јаболка

Вторник
Појадок: 50 гр мусли, 2,5 дл јогурт
Ужина: 150 гр вишни
Ручек: 100 гр печено бело месо, 250 гр мешан варен зеленчук, лажица маслиново масло, лимон, 40 гр интегрален леб
Ужина: 150 гр вишни
Вечера: 120 гр месо на скара и 250 гр салата од пченка и моркови зачинета со маслиново масло и сок од лимон, 50 гр леб

Среда
Појадок: овошен јогурт
Ужина: 150 гр вишни
Ручек: 100 гр тестенини со сос од домати и две лажици рендано сирење
Ужина: овошна салата од вишни и сезонска овошна салата
Вечера: 150 гр урда, 250 гр мешано сирење

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново