Зајакнете го имунолошкиот систем и кренете ја енергијата
Објавено на 8 јуни, 2020 во 10:41
8.06.2020
Овој едноставен пијалок го зајакнува имунолошкиот систем, го хидрира организмот, ја крева енергијата и го потиснува утринското чувство на замор и поспаност. Сè на сè, совршена алтернатива на кафето.
Потребно е:
– мед
– сок од половина лимон
– чаша вода
Ставете водата да зврие, па оставете ја малку да се излади.
Истурете ја водата во чаша и додадете мед и сок од половина лимон.
Промешајте додека медот не се раствори и испијте го топло.