Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

hranaprotivbrcki fin

Иако кај секој човек гените имаат значителна улога кога станува збор за процесот на стареење, сепак за појавата на брчки исто така многу влијае и начинот на живот и типот на храната што се јаде. Токму затоа, освен што стресот треба да биде сведен на минимум, а физичката активност да биде секојдневие на секој човек, без разлика на која возрасна група ѝ припаѓа, многу важно е да се внимава и каква храна се јаде и тоа на дневна основа.

Според нутриционистите, постојат неколку видови овошје и зеленчук, кои доколку редовно се јадат, помагаат во намалувањето на брчките и спречуваат опуштањето на кожата.

Црвени пиперки
Црвените пиперки се полни со антиоксиданти, кои се незаменливи кога станува збор за борбата против стареењето. Покрај високата содржина на витамин Ц, кој е добар за произведување колаген, црвените пиперки содржат силни антиоксиданти што се нарекуваат каротеноиди. Каротеноидите се пигменти што ја даваат црвената, жолтата и портокаловата боја кај повеќето овошје и зеленчук. Тие имаат антивоспалителни својства и можат да помогнат во заштита на кожата од горење при сончање, загадување и токсини од животната средина.

Спанаќ
Спанаќот пак е одличен избор за хидрирање и е полн со антиоксиданти, кои помагаат во оксидацијата на целото тело. Тој е богат и со витамините А, Ц, Е и К, како и со магнезиум и железо. Во спанаќот е содржано и високо ниво на витамин Ц, кој го зголемува производството на колагенот. Витаминот А ја одржува косата силна и сјајна, додека витаминот К има антиинфламаторни својства.

Протеини
Протеините односно храната што содржат протеини е одличен сојузник во борбата против појавата на брчки. Токму затоа се препорачува да се јаде дневно најмалку 150 грама храна богата со протеини. Ги има во пилешкото и во мисиркиното месо, во јајцата, мешункастите плодови и во сирењето со малку маснотии.

Интегрални жита
Важна улога во процесот на стареење игра варењето на храната. Затоа се препорачува што повеќе храна што содржи влакна, кои помагаат да се подобри дигестијата. Меѓу овие производи се лебот од интегралното брашно, кафеавиот ориз, оревите, семките како и гравот. Растителните влакна дополнително го намалуваат и нивото на холестерол и го враќаат нормалното ниво на шеќер во крвта.

Мед и топла вода
Медот е една од најздравите намирници што ни ги дала природата. Токму тој во комбинација со млака вода го регенерира целото тело и го намалува процесот на стареење на кожата и на внатрешните органи.
Вкусниот пијалак се пие рано наутро и е одлична замена за кафе и го буди организмот, а потребни се само 7 минути за да се прими целосно.
За да го подготвите, додајте една супена лажица мед во чаша млака вода и пијте го ова секое утро. Медот е особено полезна храна, ако е оригинален. За подобри резултати можете да додадете сок од еден лимон и малку цимет.

Освен што го намалува процесот на стареење, овој напиток има и други позитивни дејства врз организмот:
– Успешно ја намалува состојбата на „мрзливи црева“.
– Го зајакнува имунолошкиот систем и е одличен во борбата со бронхитис.
– Го ослободува телото од отровите.
– Ја подобрува работата на дебелото црево и ги уништува микроорганизмите.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново