Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

vodasolimon fin

Погледнете кои се сите придобивки од пиењето на вода со лимон.

Го засилува имунитетот

Лимонот е богат со антиоксиданти и витамин Ц, кој е одличен за зајакнување на имунитетот и помага на организмот да се бори против инфекции. Витаминот Ц се бори против воспалението и често се користи за борба против астмата и другите респираторни заболувања. Лимонот содржи и сапонини, кои се борат против бактериите и се одлични против грип и кивање. Исто така, витамин Ц помага во апсорпцијата на железо.

Ја намалува киселоста на организмот

Иако вкусот на лимонот е многу кисел, тој всушност остава основна трага во нашето тело и се бори со киселоста. Брзата и нездрава храна, како и шеќерите ја зголемуваат киселоста на организмот, а лимонот е еден од најсилните алкализатори.

Помага во варењето

Лимонот традиционално се користи како лек за луѓе кои имаат дигестивни проблеми. Сокот од лимон го прочистува и го стимулира црниот дроб, но исто така го поддржува и производството на хлороводородна киселина во желудникот, која ја вари храната и со тоа го забрзува варењето.

Ја чисти кожата

Витаминот Ц и сите антиоксиданти во лимонот се борат со слободни радикали, кои се одговорни за многу проблеми со кожата. Изложеноста на сонце и токсини од животната средина доведуваат до оштетување, а слободните радикали се одговорни за повеќето симптоми на стареење на кожата. Внесувањето антиоксиданти може да помогне во борбата против брчките и мозолчињата, но витаминот Ц може да се користи и директно на кожата.

Го забрзува заздравувањето на раните

Аскорбинска киселина, попозната како витамин Ц, го забрзува заздравувањето на раните и е една од основните состојки за одржување на здраво сврзно ткиво, коска и ‘рскавица. Сè на сè, овој витамин, кој се наоѓа во лимонот, е неопходен за нас кога се опоравуваме од повреда или стрес.

Хидрира

Голема чаша вода со сок од лимон не само што ќе го исчисти телото од какви било токсини што може да се акумулирале во текот на ноќта, туку исто така ќе ви помогне да го одржите вашето тело оптимално хидрирано. Секоја чаша вода во текот на денот е син мелем за вашето тело, особено ако е збогатена со скапоцен сок од лимон.

Крева енергија

Обидете се да пиете чаша вода со лимон наутро, и ќе видите колку повеќе енергија ќе имате. Понекогаш мирисот на лимон е доволен за да нè разбуди. Покрај тоа, лимонот помага во лекување на вознемиреност и депресија.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново