Сок кој ги ублажува симптомте на алергја
Симптомите на алергија на полен може да бидат многу непријатни, а пропишаните лекови предизвикуваат бројни несакани ефекти.
Еднo од растенијата кој во овој период на алергии предизвикува најголема мака е дефинитивно амброзијата. Нејзините зрна со полен може да предизвикаат кивање, црвенило на окото, отежнето дишење и нарушување на комплетната слузница на дишните патишта. Ако сакате на природен начин да се ослободите од непријатните симптоми и во исто време да го зајакнете вашето тело, пробајте вкусен сок кој ќе ви помогне да ги ублажите благодарение на состојките кои делуваат антивосполително, ги отвараат дишните патишта и ја нормализираат работата на мукозните мембрани.
Состојки:
– 1 поголем морков
– 1 јаболко
– 1/4 ананас (свеж или 2 прстени од конзерва)
– парче целер
– половина цвекло
Подготовка:
1. Овошјето и зеленчукот темелно измијте ги и исечете ги на парчиња.
2. Состојките вметнете ги во соковникот и сокот пренесете го во стаклена тегла.
3. Сокот можете да го пиете на празен стомак или помеѓу оброци.