Мажите повеќе се грижат за ќелавост од импотенција
Објавено на 22 февруари, 2016 во 09:19
Во едно британско истражување со кое беа опфатени околу 200 мажи, поголемиот број од нив како најголем „страв“ ја навеле ќелавоста, па дури потоа импотенцијата.
Како трет најчест страв кај „посилниот пол“ било лошиот здив, добивањето килограми и лошиот вид, односно носењето очила за вид. Во оваа студија, учесниците одговараа што најмногу ги загрижува кога станува збор за стареењето.
Дури 60 отсто од нив се плашеле дека ќе ги изгубат забите, третина од испитаниците се плашеле на губењето слух, 24 отсто се грижеле дека ќе имаат лош здив, додека 64 отсто од мажите стравувале дека ќе се здебелат кога ќе бидат во одминатите години, а 45 отсто од нив се плашеле од постоењето на можноста дека ќе им бидат потребни очила за вид.